Лут поради поразот, навивач на Гана го нападнал селекторот Хјутон!

Навивач на Гана бил „уапсен затоа што го нападнал“ селекторот на репрезентацијата, Крис Хјутон во тимскиот хотел, откако четирикратниот шампион на Африка во фудбал претрпе шокантен пораз од Зеленортските Острови, 1:2, на отворањето на Купот на Африка.

Изненадувачкиот пораз за Гана е уште поболен и поради тоа што решавачкиот гол го примија во судиското надополнување. Гана заедно со Египет е фаворит за пласман во следната рунда од групата па оттаму поразот предизвика голем гнев кај навивачите.

Според локалните медиуми, еден навивач на Гана по натпреварот отишол во хотелот за да се соочи со селекторот Хјутон, кој според него, бил виновникот за поразот. Навивачот го нападнал Хјутон, кого го заштитиле дипломати од Гана. Морала да интервенира и полицијата која го привела непознатото лице.

Други извори пак тврдат дека навивачот само бил отстранет од хотелот поради навредливите зборови упатени кон Хјутон.

Гана атакува на петтиот трофеј на Купот на Африка, прв по 1982 година.

Хјутон на селекторската клупа на Гана седна лани во февруари, а претходно во Англија, беше менаџер на Њукасл, Норич, Брајтон и на Нотингем форест.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО