Ѓоковиќ против Попирин во второто коло на Австралија опен

Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ кој помалку неочекувано се намачи во првотo коло против квалификантот, младиот 18-годишен Хрват Дино Прижмиќ (6:2, 6:7, 6:3, 6:4) во второто коло на Австралија опен ќе игра против Австралиецот Алексеј Попирин.

Попирин (24) кој моментално е на 43. позиција на АТП листата, во првото коло го победи сонародникот Марко Полманс со 6:3, 7:6, 6:2.

Тоа ќе биде втор меч меѓу овие двајца тенисери, по оној во Токио 2019 -та што го доби Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО