Енрике: Ми беше чест да му бидам тренер на Мбапе

Тренерот на ПСЖ, Шпанецот, Луис Енрике го сподели своето мислење за напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

– Ми беше чест да му бидам тренер на Килијан Мбапе. Тој секогаш беше идол и пример за следење. Не можам да кажам ништо лошо за него, немам ниту една забелешка. Неговото однесување беше одлично, изјави Енрике за „Канал плус“.

Франциускиот напаѓач пред неколку дена, на 10 мај, објави видео порака со која потврди дека ќе го напушти главниот град по завршувањето на сезонава во која одигра 47 натпревари, постигнувајќи 44 гола, плус 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО