По мечот во Мадрид: Де Брујне го побара и го доби дресот на Модриќ

Хрватската фудбалска легенда, Лука Модриќ ги одигра последните 20 минути од првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ), во кој неговиот Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа, 3:3.

Капитенот на хрватската репрезентација и икона на Реал Мадрид, го замени Тони Крос во 72. минута при резултат 3:2 за гостите од Англија. За скромната минутажа Модриќ успеа прецизно да испрати три „долги топки“, да го добие единствениот воздушен дуел и единствениот на земја, и прецизно да ја додаде топката 21 пат, од 24-те обиди.

Еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на Реал Мадрид, по натпреварот беше фатен на камерата во краток разговор со Белгиецот, Кевин Де Брујне, играчот од средниот ред и легенда на ривалскиот тим.

Де Брујне, за многумина најдобриот играч за врска во светот во моментов, не настапи на вчерашниот натпревар поради стомачни проблеми. По мечот тој се поздравил со Модриќ и му го побарал дресот. Хрватот му ја исполнил таа желба, пренесуваат англиските медиуми.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО