Ливерпул има нов спортски директор, го нарекуваат „енциклопедија што оди“

Раководството на англискиот фудбалски гигант, Ливерпул го назначи Ричард Хјуз за нов спортски директор.

Доаѓањето на Хјуз (44) на „Енфилд“ е првиот поголем потег на Мајкл Едвардс, кој неодамна беше назначен за директор за фудбалски  работи на Фенвеј спортс групацијата (ФСГ), газдите на Ливерпул.

Едвардс и Хјуз се колеги и пријатели веќе две децении, од времето кога беа во Портсмут, Едвардс како аналитичар на податоци, а Хјуз како играч.

– Неверојатно сум горд што ми беше понудена оваа шанса. Ливерпул е уникатен клуб и благодарен сум што ми е дадена можноста да му служам во оваа функција. Луѓето со право зборуваат за богатата историја со која може да се пофали овој клуб, но сегашноста и иднината е она што ме прави навистина возбуден, рече Хјуз кој моментално е во Борнмут, а новата функција ќе ја превземе на 1 јуни.

Поранешниот репрезентативец на Шкотска има одиграно повеќе од 300 меча во кариерата, главно за Портсмут и Борнмут. Роден е во Глазгов, но израснал во близина на Милано и играл во младинската академија на Аталанта пред да и се приклучи на академијата на Арсенал.

Хјуз го опишуваат како „книга за контакти што чекори“, кој „ги познава сите во фудбалот“. Хјуз го чека задачата да пронајде наследник на Јирген Клоп кој на крајот од сезонава го напушта Ливерпул на чија клупа беше од октомври 2015 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО