Македонскиот ракометен тим Вардар 1961 го потврди новото засилување за следната сезона, а тоа ќе биде Мохаб Абделхак.
Египетскиот десен бек доаѓа во редовите на вардарци директно од германскиот гигант Кил.
Станува збор за 23-годишник кој има огромен потенцијал, а тоа го покажа и со настапите во Бундеслигата, како и за репрезентацијата на Египет чиј стандарден член е веќе неколку години.