Хари Мeгваер ќе го пропушти натпреварот на Манчестер Јунајтед против Челси во Премиер лигата во сабота, откако Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја потврди неговата суспензија од еден натпревар и парична казнa.
Aнглискиot репрезентативец беше исклучен со црвен картон при ремито 2-2 против Борнмут на 20 март, а од таборот на „црвените ѓаволи“ поднесоа жалба на одлуката.
Сепак, ФА на Англија ја задржа својата одлука, па дефанзивецот ќе мора да ја одработи казната поради навредливите зборови упатени кон четвртиот судија Мет Донахју по неговото исклучување.
Отсуството на Мегваер дополнително го компликува составот, бидејќи надвор од комбинација е и другиот стандарден стопер Лисандро Мартинес, кој доби директен црвен картон при поразот од 1-2 против Лидс во понеделникот.
Менаџерот Мајкл Карик ќе мора да се потпре на младите дефанзивци Лени Јоро и Ејден Хевен, кои досега не настапиле заедно како стартери под негово водство.
Во моментов, Манчестер јунајтед се наоѓа на третото место на табелата со 55 бодови, 15 помалку од лидерот Арсенал и седум повеќе од Челси, кој е на шестата позиција.