Надежите на Македонија поразени од Австрија во првата контролка

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 16 години) беше поразена од Австрија во првиот контролен натпревар, со 0:2.

Домаќинот одигра одличен натпревар и сосема заслужена победи. Избраниците на селекторот на Македонија, Раде Каранфилоски имаа неколку изгледни шанси за постигнување на погодок, но без реализација, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на официјалната интернет страница.

Македонија и Австрија ќе одиграат уште еден контролен натпревар, во сабота, во Бад Тацмансдорф, во Австрија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО