Ѓорческа поради повреда го предаде осминафиналниот меч на Кипар

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа предвреме го заврши настапот на фјучерс турнирот во Ларнака (Кипар) што се игра на земјена подлога, за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа не можеше да го заврши денешниот меч против Дебора Киеза од Италија, во кој првиот сет го доби со убедливи 6:2. Меѓутоа потоа почнаа проблемите за неа, Италијанката ги доби наредните шест гема (6:0 во вториот сет) и израмни на 1:1.

Во третиот сет Киеза поведе со 3:0 во гемови, по што Ѓорческа одлучи да се повлече и да го предаде мечот поради повреда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО