Литванецот Јонас Валанчиунас оди во Лејкерс?

Литванскиот репрезентативец, Јонас Валанчиунас (32) во летниот период може да заврши во дресот на ЛА Лејкерс.

Според информациите од САД, составот од Калифорнија размислува за ангажман на искусен центар кој ќе игра покрај Ентони Дејвис, а една од потенцијалните цели на клубот е токму центарот на Њу Орлеанс пеликанс.

Летово Литванецот ќе стане слободен играч, без ограничувања. Минатата сезона Валанчиунас не пропушти ниту еден натпревар од регуларниот дел од сезоната, завршувајќи ја со просек од 12,2 поени, 8,8 скока и 2,1 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО