Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на турнирот во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето од турнирот во Ларнака, Кипар откако денеска ја совлада Нуриа Бранкачо од Италија.

Нашата нтенисерка славеше со 2:0 во сетови (7:5, 6:4), во меч кој траеше 1 час и 41 минута. Во дуелот за титулата на турнирот, Ѓорческа ќе се сретне со петтата носителка Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска која без многу борба ја помина полуфиналната пречка.

Нејзината противничка Андреа Лазаро Гарсија го предаде дуелот откако првиот сет го загуби со 0-6. Утрешното финале во Кипар ќе биде можност за Ѓорческа да го освои првиот трофеј во 2024 година. Противничката на Ѓорческа , Луција Ќириќ Багариќ во моментов се наоѓа на 214. место на ВТА ранг-листата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО