Алекс Фергусон со истиот жар како и во Јунајтед се радува и на 83 години – има причина за славје

Познато е дека некогашниот миленик на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон е миленик на коњски трки, па дури и поседува ергела од неколку коњи, меѓу кои има свој миленик.

Неговиот прв коњ, по име Монмирал, успеа да победи на престижна трка во Челтенам во вторникот прв пат по 20 години, а на таа негова победа, реакцијата на славниот шкотски менаџер е непроценлива.

Монмирал прв мина низ целта, а набрзо потоа следуваше уште едно изненадување за Ферги, во следната трка, успеа да победи и неговиот друг коњ по име Протекторат.

– Чекав 20 години на овој момент и сега имам два победника во 40 минути, непроценливо, порача среќниот Фергусон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО