Лидс преку Норич до плеј-оф финалето за пласман во Премиер лигата

Лидс убедливо го совлада Норич во реваншот дома, со 4:0 (во првиот меч во Норич беше 0:0) и ќе игра против Саутемптон или Вест Бромвич Албион во финалето од плеј-офот во Чемпионшип, за пласман во Премиер лигата. Реваншот Саутемптон – ВБА се игра вечерва. Во првиот меч во Бирмингем немаше победник, беше 0:0.

„Белите“ од Лидс сега ќе имаат девет дена да се подготват за финалниот плеј-оф натпревар на „Вембли“, во недела, на 26 мај и по едногодишна пауза повторно да се вратат во Премиер лигата.

Лидс ќе се обиде во шестиот обид плеј-офот да има повеќе среќа, бидејќи претходните пет пати, не успеа да се пласира во повисок ранг!

Норич за прв пат по сезоната 2009/10, ќе игра во понизок ранг од лутиот, регионален ривал Ипсвич, кој директно се пласира во Премиер лигата, со Лестер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО