Летечкиот Ван Перси започнува тренерска кариера – ќе води познат клуб

Откако ги закачи копачките на клин, славниот Робин Ван Перси, скоро извесно ќе влезе во тренерските води и се најавува дека ќе преземе познат клуб.

Како што јавуваат медиумите на островот, Ван Перси треба да стане тренер на холандската екипа Херенвен, која е 11. пласирана во холандското првенство, или Ередивизие.

Славниот напаѓач најверојатно доаѓа како замена за 55 годишниот Кес Ван Вондерен, на кого му завршува договорот на крајот од сезоната, а од клубот веќе најавија дека нема да го продолжат договорот.

Без оглед на се, тој клупата на овој клуб треба да ја преземе неколку недели порано, така да ќе се испроба самостојно во овој сегмент од фудбалската игра.

За Ван Перси ова би бил прв клуб во тренерската кариера кој би го водел самостојно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО