Екс шампионот во Ф1 е скептик за Фетел и Мерцедес: Јас тоа никогаш не би го направил!

Поранешниот светски шампион во Ф1, Дејмон Хил, не е убеден во способноста на Себастијан Фетел и неговото враќање во Авто мото спортот, поготово не како замена за Луис Хамилтон.

Тото Волф го избира наследникот на Хамилтон а според некои информации, веќе биле блиску до договор со Карлос Саинц, но дека опција бил и Себастијан Фетел, но Хил не верува во такво сценарио.

– Никогаш не сум видел форма на Фетел која што ја имаше во своите почетоци. Тој никогаш не беше доминантен, освен на почетокот од кариерата, а потоа кога стана тешко во Ферари, тој не беше истиот возач. Искрено, не знам зошто во Мерцедес би ризикувале со Фетел, несфатливо, јас тој возач не би го ангажирал, порача Дејмон Хил.

Четирикратниот Ф1 шампион веќе најави дека може да направи кам-бек, но дека многу работи мора да се посложат за тој да вози повторно Ф1 болид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО