Легендарната Анжела Платон нов тренер на Вардар

Ја известуваме спортската јавност, дека за нов шеф на стручниот штаб на сениорската екипа е назначена Анжела Платон.

Познато име на ракометната јавност, поранешна репрезентативка на нашата држава, која беше дел од златната генерација на Кометал Ѓорче Петров, клуб со кој во 2002 година стана и Европски Шампион.

Долги години е дел од Вардар, каде работеше со младинските екипи на клубот во создавање на млади талентирани ракометарки. На почетокот на новата сезона беше вклучена во стручниот штаб на првиот тим, како помошник тренер на Александар Царчев, а од пролетниот дел Платон ќе биде прв тренер, а ќе остане и како предводник на младинската екипа.

Александар Царчев ќе продолжи да работи во Вардар, како тренер на голманите, во сите четири категории: пионерска, кадетска, младинска и сениорска конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО