„Ѓаволите“ најдоа наследник на Рафаел Варан

Манчестер Јунајтед го нацели дефанзивецот на Аталанта, Џорџо Скалвини. Според многумина, овој 20-годишник е еден од најперспективните млади играчи на Апенините и веќе се наметна во стартните единаесетмина на тимот предводен од Џанпјеро Гасперини.

Тој го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“, кои во него гледаат потенцијална замена за Рафаел Варан, чиј договор истекува на лето.

Скалвини ја доби и наградата „Златно момче“ за 2023 година, а од почетокот на сезоната во Серија А веќе одигра 20 натпревари, на кои постигна 1 гол. На „Олд Трафорд“ имаат сериозни планови со Скалвини, но во моментов Аталанта одбива да го продаде во јануари, па до договор може да се постигне дури на лето.

Манчестер Јунајтед најверојатно ќе се соочи со сериозна конкуренција кога е во прашање потписот на младиот Италијанец, кого го бара и Интер. Скалвини моментално е проценет на 40 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО