Македонската ракометна репрезентација со победа над Швајцарија и со освоеното трето место во групата го заврши настапот на Европското првенство во Германија
Пикерот Милан Лазаревски вели дека навивачите треба да имаат верба во оваа ракометна генерација на Македонија.
– Честитки до сите ракометари, одигравме фантастично, иако имавме и падови во играта во текот на натпреварот.До израз дојде нашата психолишка стабилност која ја поседуваме. Се потврди и една моја изјава дека оваа репрезентација има квалитет и оти треба да се има верба во неа, Времето ќе покаже, но јас сум позитивен и очекувам многу подобри резултати во иднина, изјави Лазаревски.