Лазаревски: Германците се физички посилни од Французите, но и поспори

Друга атмосфера, поинаков амбиент, сала во Берлин, место стадион во Дизелдорф, но Македонија в недела повторно ја очекува тежок противник, селекцијата на Германија

– Нема некоја драстична разлика во амбиентот, повторно не’ чека полна сала, но тоа не влијае многу на нашиот пристап на натпреварот, и на нашата психа. Ја анализиравме нашата, но и средбата на Германија, имаме време да се одмориме, добро да се подготвиме и да одиграме подобро отколку против Франција, вели  пикерот Милан Лазаревски.

Како би ја споредиле Германија, со Франција. Колку и дали се посилни Германците?

– Сосема различен стил и игра, различни играчи, нема многу сличности за споредување. Против Германија не’ очекува сосема поинаков натпревар отколку против Франција. Германците се физички посилни од Французите, но се поспори и заостануваат на тактички план. Тоа пак значи дека ние ќе мора да менуваме нешто во пристапот на играта, во концепцијата, да се прилагодувам, истакнува Лазаревски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО