Лацио летово го напуштаат тројца важни играчи

Тројца исклучително важни фудбалери на Лацио во последните години го напуштаат тимот на крајот од сезоната. Станува збор за Фелипе Андерсон, Луис Алберто и Педро, пренесува весникот „Газета дело спорт“.

„Лацио ме прифати и ми даде сè, горд сум што бев дел од големата историја на клубот. Засекогаш ќе остане во моето срце. Животот осум години со навивачите на тимот ме направи подобар човек. Секогаш ќе бидам еден од вас“, напиша во збогување на социјалните мрежи, Бразилецот Фелипе Андерсон.

Шпанецот Луис Алберто ја објави својата намера да го напушти Лацио пред еден месец, иако беше под договор до 2028 година, а италијанскиот клуб бараше 15 милиони евра за неговиот трансфер.

Педро пристигна во Лацио во 2021 година од Рома и оттогаш забележа 132 настапи и 20 гола за „орлите“. Договорот на 36-годишниот поранешен играч на Барселона истекува и најверојатно нема да биде обновен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО