Конте ќе биде најплатениот тренер во Серија А!

Италијанските медиуми пишуваат дека Антонио Конте доаѓа во Наполи и ќе стане најплатениот тренер во Серија А. Иако точната сума на неговите примања се’ уште не се знае, медиуми велат тој ќе има плата меѓу осум и девет милиони евра годишно.

Весникот „Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Конте веќе ја има понудата пред себе, додека „Кориере дело Спорт“ и „Туроспорт“ велат оти треба да се решат некои ситни детали пред да се склучи договорот и да се наведе сумата што Конте ќе ја добие.

Нејасно е дали Конте ќе потпише две или тригодишен договор со опција за продолжување на дополнителна сезона.

Најплатен тренер во Италија моментално е Симоне Инзаги од Интер кој добива 5,5 милиони евра годишно, на што треба да се додадат и бонусите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО