Арне Слот го објави првиот помошник во Ливерпул

Тимот на новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот почнува да се формира. Денеска стана јасно дека Холанѓанецот со себе на „Енфилд“ го носи и Рубен Питерс, кој работеше со него во последните три години во Феенорд.

Во Ливерпул, 32-годишниот Питерс ќе биде одговорен за физичката подготвеност  на играчите на „црвените“. Слот не сака да губи време и е нестрплив да почне да работи во англискиот гиганти

Неговиот договор со „црвените“ стапува на сила на 1 јуни, но Слот веќе извесно време е во Англија каде што ги договара последните детали околку престојот на Островот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО