Куп на Италија: финалето Аталанта – Јувентус, без Скамака и Локатели

Аталанта и Јувентус ќе играат во финалето на Купот на Италија, на стадионот „Олимпико“ во Рим, на 15 мај.

Аталанта постигна два гола во судиското надополнување во 94 и во 98. минута, за победа од 4:1 (вкупни 4:2) против Фиорентина, во реванш полуфиналниот меч. Јувентус, противникот на Аталанта во финалето, во полуфиналето го елиминира Лацио со вкупни 3:2.

Но, на двата тима ќе им недостигаат клучните играчи во финалето поради жолти картони. Јувентус ќе остане без играчот од средниот ред, Мануел Локатели, а Аталанта ќе биде без напаѓачот, Џанлука Скамака, кој синоќа доби жолт картон на мечот со Фиорентина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО