Наз Рид е најдобар шести играч во НБА лигата

Наз Рид, 24-годишниот центар на Минесота тимбервулфс, прогласен е за најдобар шести играч во НБА лигата сезонава. Рид во регуларниот дел одигра 81 натпревар, со просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции по натпревар.

Тој доби 352 гласа, 10 повеќе од главниот конкурент, Малик Монк од Сакраменто кингс. Рид стана третиот недрафтуван играч кој бил прогласен за најдобра резерва во лигата со што им се придружи на Џон Старкс и на Дарел Армстронг и ја освои наградата најдобар „Шести човек“, именувана според Џон Хавличек, легендата на Бостон селтикс.

Минесота се пласираше во плеј-офот во Западната конференција, каде што за противник го има Феникс санс и во моментов води со 2:0. Минатата сезона признанието за најдобар шести играч ја доби кошаркарот на Бостон селтикс, Малколм Брогдон.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО