Кристал палас ја одреди трансфер цената за Олисе и за Езе

Премиер лигашот, Кристал палас очекува голем број понуди за младите напаѓачи, Еберечи Езе и Мајкл Олисе кои би почнувале од 60 милиони фунти па нагоре.

„Орлите“ се безбедни од испаѓање, обезбедија опстанок во рекордната за клубот, 12-та сезона во Премиер лигата, и велат дека немаат финансиски проблеми што би биле причина за продажба на било кој играч.

Но, со оглед на пофалбите за игрите на Езе (25) особено последниве недели и на формата на Олисе (22), во Палас се свесни дека ќе имаат доста понуди за нив летово. Тие сметаат дека 60 милиони фунти по играч е почетната цена за заинтересираните клубови доколку сакаат да преговораат.

Олисе и Езе потпишаа долгорочни договори сезонава, така што Палас е во силна преговарачка позиција. Ниту еден договор не содржи јасна клаузула за ослободување и секој договор ќе биде сложен.

Минатото лето Езе беше предмет на интересирање на Манчестер сити, но наместо тоа, шампионите потпишаа со Матеус Нунеш од Волфс. Челси пак неуспешно се обиде да го ангажира Олисе за 35 милиони фунти, мислејќи дека ја активирале откупната клаузула.

Забележлива е разликата во начинот на игра на Кристал палас кога ниту Олисе ниту Езе не се во тимот. Тие почна само шест натпревари во Премиер лигата заедно и постигнаа или асистираа за 13 од 14 гола на тие шест натпревари.

Уште еден играч на Палас би можел да биде предмет на понуди за трансфер летово. Тоа е англискиот репрезентативец, Гуехи (23), кој влегува во последните две години од договорот. Младиот дефанзивецот има добри шанси да се најде во тимот на Герет Саутгејт на ЕП летово.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО