Долга листа на непожелни играчи во Манчестер јунајтед

Новиот технички директор на Манчестер Јунајтед, Џејсон Вилкокс, кој беше назначен на на функцијата кон крајот од минатата недела, почна со анализата на спортските процеси и стилот на игра на тимот, на индивидуалните перформанси на играчите, како и на работата на менаџерот Ерик тен Хаг.

Врз основа на тие анализи и по состаноците со челниците, ќе биде донесена одлукатљ за иднината на менаџерот Тен Хаг, како и за активностите поврзани со првиот тим во текот на летото.

Желбата на новите ко-сопственици е да создадат нов изглед и јасно изразен напаѓачки стил на игра, како и позитивен пристап кон натпреварите. Локалниот печат од Манчестер, тврди дека повеќе од 10 играчи од сегашниот состав се под сериозна закана да го напуштат тимот поради различни причини.

На врвот на листата се Антони Марсијал и Рафаел Варан на кои им истекуваат договорите. Но истото ги чека Антони, Каземиро, Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф, Хари Мегваер, Арон Ван-Бисака, како и Софијан Амрабат, кој ќе биде вратен во Фиорентина.

Помалку изненадувачко е присуството на таа листа на напаѓачот Маркус Рашфорд кој има лоша сезона и трпи многу критики за играта. Тој има една од највисоките плати на „Олд Трафорд“ и токму поради ова новите газди би се разделиле со него доколку добијат добра понуда.

Речиси сигурна е разделбата со Мејсон Гринвуд и со Џејдон Санчо, кои имаа дисциплински проблеми и не се особено пожелни во новиот проект.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО