Копа Америка: Мексико елиминиран во првата рунда

Еквадор ремизираше со Мексико, 0:0 во Глендејл, Аризона, пред 62.656 гледачи, повеќето мексикански навивачи и го освои второто место во групата Б на Копа Америка. Во четвртфинале в петок, Еквадор ќе игра против бранителот на титулата, Аргентина, .

Ремито без голови значеше дека Мексико заврши на третото место во групата, зад Еквадор поради полошата гол разлика. Мексико по четврти пат на последните пет турнири на Копа Америка не успеа да ја мине групната фаза.

Максико беше елиминиран и во првата рунда на Светското првенство (СП) пред две години во Катар, за прв пат по 1978-та. Во финалето на Лигата на нации (ЛН) на КОНКАКАФ, во март загубија од САД.

Првото место во групата Б го освои Венецуела со победата над Јамајка од 3:0 што значи дека во четвртфинале во сабота, ќе игра со Канада.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО