(ВИДЕО) Двајца англиски навивачи „хит“ на Островот: Го пропуштија „најубавиот гол“ и го отпуштија селекторот…

Словаците имаа предност на полувремето и во финишот, а англиските навивачи постепено ја губеа вербата во можен пресврт.

Но се случи чудо, Англија ја совлада Словачка со 2:1 во драматичниот осминафинален натпревар. Најпрвин во петтата минута од судиското надополнување, Џуд Белингем со ножички го одведе натпреварот во продолжение, за веднаш потоа Хари Кејн да ја потврди победата на Англија.

Сепак, не сите навивачи го видоа пресвртот на Англија во Гелзенкирхен. Некои навивачи направија фатална грешка, разочарани од настапот на својата репрезентација, предвреме го напуштија стадионот, убедени дека нема ништо повеќе вредно да се види.

– Ова е с*ање. Саутгејт мора да си замине, рекоа лутите навивачи додека ја напуштаа арената во Гелзенкирхен. Немаа поим дека ќе го пропуштат можеби најубавиот гол на шампионатот досега.

Веројатно тие навивачите цел живот ќе жалат што не останаа до крај. Поради нивната нетрпеливост, го пропуштија големиот „камбек“, а видеото со нивните лути реакции стана многу популарно.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО