Кој е следниот чекор за Синер по титулата во Мелбурн: Италијанецот најави во кој правец ќе напредува

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои овогодинешниот турнир во Мелбурн, добивајки ги Ѓоковиќ и Данил Медведев во полуфиналето и финалето.

Тој ја докажа и покажа својата класа и потенцијал, но сега мора да ја негува на вистинскиот начин доколку сака да биде големо име во овој спорт.

Синер има негативен скор против тенисери кои се во топ10, но во Австралија покажа дека има во него голем потенцијал на кој мора сите да сметаат.

Иако доби 2000 бодови на АТП бодувањето за освојување на титулата во Мелбурн, тој остана на четвртата позиција, зад Ѓоковиќ, Алкараз и Медведев.

– Кога работите одат добро, тогаш секогаш сакате повеќе, меѓутоа, ќе останам тивок и далечен за големите најави. Мојот сон е секогаш да освојувам гренд слем трофеи и на добар пат сум, сега знам какво е чувството и ќе работам на тоа повторно да го почувствувам истото. Најдоброто би било да се вратам сега на терен и да работам двојно повеќе, порача Синер.

Сега е оддалечен 455 бодови од Медведев, односно 1545 од првата позиција на Ѓоковиќ.

– Одам чекор по чекор, треба да напредувам физички, во поглед на кондицијата, тоа може да се постигне и верувам во тоа, се надоврза Синер.

Синер е првиот Италијанец уште од Адријан Паната кој во 1976 година ја подигна последната гренд слем титула.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО