Алкалоид загуби од Нексе на вториот тест во Стара Пазова

Екипата на Алкалоид претрпе пораз од Нексе од 30:29 на вториот натпревар што се одигра во спортскиот центар во Стара Пазова.

Вчера македонскиот прволигаш славеше со 29-27, додека пак денеска денеска имаше одлично прво полувреме по кое водеше со 19:14, но по паузата работите се променија, хрватскиот вицепрвак се покажа во подобро светло и го сврте резултатот и забележа победа на оваа контрола.

Митев со седум гола и Младеновиќ со четири реализации беа најдобри стрелци кај Алкалоид. Хромин пак со пет гола ја предводеше листата на стрелција кај победникот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО