Фудбалерот, Макс Килман, се пресели во Вест Хем и потпиша договор за седум години. Медиумите објавија дека Вулверхемптон ќе добие 40 милиони евра како обештетување за трансферот.
27-годишниот дефанзивец повторно ќе работи со Хулен Лопетеги, кој ги водеше „волците“ во сезоната 2022-2023.
– Вест Хем е огромен клуб и чувствувам дека тоа е природен чекор напред во мојата кариера – изјави Килман.
Тој за претходниот состав ги одигра сите натпревари во последната сезона во Премиер-конкуренцијата.