Англискиот фудбалски селектор, Герет Саутгејт, на денешниот меч со Швајцарија во 1 /4 финалето на Европското првенство, по 100-ти јубилеен пат ќе седи на клупата на „Гордиот Албион“.
Тој ги негира тврдењата дека неговата селекција се наоѓа во така наречениот полесен дел на костурот.
– Многу сум горд што ќе го имам мојот 100-ти натпревар на чело на Англија но, тоа не е значајно во моментов. Јас сум фокусиран на мечот и сакам да ја однесам мојата селекција во полуфиналето – вели Саутгејт.
– Играме против навистина силен тим кој е добро подготвен. Нашиот фокус е како да победиме – вели селекторот на „Трите Лава“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: