Киеза со ултиматум до Јувентус: Си заминувам ако Алегри остане тренер?

Италијанската „Ла Газета дело Спорт“ пишува дека „старата дама“ наскоро би можела да остане без големата ѕвезда, 26-годишниот напаѓач Федерико Киеза, син на легендарниот Енрико Киеза, кој сезонава не игра на вообичаеното ниво по тешката повреда.

Иако италијанскиот репрезентативец постигна скромни осум гола и две асистенции за неговите стандарди, Јувентус би сакал да го задржи, но преговорите за продолжување на актуелениот договор што е до јули 2025 година се „заглавени“.

Киеза летово би можел да влезе во последната година од договорот и тоа ќе биде последна шанса Јуве да заработи од неговиот трансфер.

Според Газета, Киеза потенцијалното останување во клубот го условува со ултиматум. Наводно Киеза на затворен состанок јасно им кажал на челниците на клубот дека сигурно ќе го напушти клубот доколку Масимилијано Алегри остане на тренерското место и во следната сезона!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО