Мечеви од шпанската Ла лига ќе се играат и во САД

Хавиер Тебас, претседателот на шпанската Ла лига, една од најдобрите светски фудбалски лиги, кажа шокантна вест за љубителите на традиционалниот фудбал. Тоа е дека од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла лига ќе се играат во САД!

„Заслуга“ за тоа е што Светското првенство (СП) 2026 година ќе се игра во Северна Америка. „САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и ние немаме друг избор, во спротивно ќе не’ избришат“, рече Тебас.

Инаку, уште во 2018 година имаше предлог каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона да се игра во САД, но УЕФА тоа не го дозволи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО