Каталонците се откажале од ангажман на Гринвуд

Шпанските медиуми објавија дека Барселона не е заинтересирана за Мејсон Гринвуд, кој се наоѓа на платниот список на Манчестер Јунајтед а сезонава ја поминува како позајмен во Хетафе.

Иако имаше информација дека директорот на Барса, Деко и неговиот колега од Англија, Џон Мартеј, имале средба на која разговарале за младиот играч, медиумите тврдат дека Каталонците се откажале од идејата.

Тоа се должи на скандалот со фудбалерот кој беше обвинет за напад врз неговата интимна пријателка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО