Камавинга се повреди, нема да игра против Сити?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга (21), се повреди на вчерашниот контролен меч на Франција против селекцијата на Чиле (3:2).

Играчот од средниот ред доби незгоден удар на тренингот, а на мечот со Чиле принудно заменет на минута пред крајот на првото полувреме, наводно поради истегнување на зглобот. Тој лошо падна и не можеше да го продолжи натпреварот, но степенот на повредата се’ уште не е познат.

Камавинга денеска или утре ќе ги мине медицинските тестови, а Реал Мадрид се надева дека тој сепак ќе се опорави за натпреварот против Атлетик Билбао во Ла лига неделава.

Но постои стравување дека Камавинга би можел да го пропушти мечот со Атлетик, како и првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) со Манчестер сити следниот месец, на 9 април.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО