Барселона ја одреди цената за Араухо

Барселона ја одреди трансфер цената од 100 милиони евра за својот најдобар дефанзивец, Роналд Араухо, пишува „Спорт“.

Араухо, 25-годишниот Уругваец, е баран од многу клубови и од Барселона размислуваат да го продадат доколку дојде слична понуда за него.

За дефанзивецот се шпекулира дека го бараат Баерн и Манчестер јунајтед, но во оваа фаза, ниту еден клуб не е подготвен да ја плати споменатата сума.

Од друга страна, двата клуба можече да му понудат на дефанзивецот многу поголема плата и тоа може да биде причина тој да ги „притисне“ шефовите на Барса за трансфер.

Доколку Каталонците не го продадат Араухо летово, опцијата е да му понудат нов договор, односно продолжување на сегашниот договор што истекува во летото 2026 година.

Барселона не планира да бара купувачи за Араухо, но доколку се појават такви, сигурно ќе седне на преговарачка маса.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО