Јувентус го купува Даглас Луиз и неговата девојка

Бразилецот Даглас Луиз (26) е на прагот на трансфер во Јувентус. Играчот на Астон Вила постигнал договор со италијанскиот клуб и во следните четири години би требало да заработува околу пет милиони евра по сезона. Луиз е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а минатата сезона постигна десет гола и исто толку асистенции на 53 натпревари.

Според „Трансфермаркт“, Бразиелцот вреди 70 милиони евра. Јувентус нема толку пари, па Италијанците смислија опција која Англичаните ќе ја прифатат. Имено, Јувентус ќе плати нешто повеќе од 20 милиони евра и ќе ги испрати во Астон Вила, Вестон Мекени (25) кој вреди 28 милиони евра и англиското крило Семјуел Илинг-Џуниор (20) кој вреди 13 милиони евра.

Вила сака да ги донесе двајцата и е подготвена да се откаже од својот клучен играч.

Сепак, овој трансфер ќе има и една многу необична ставка.

Освен Луиз, Јувентус ќе го реализира и трансферот на неговата девојка Алиша Леман (26). Таа е една од најпопуларните фудбалерки во светот и е дел од женската екипа на Астон Вила. Таа е репрезентативка на Швајцарија, за која има 53 настапи и постигнато девет голови.

Покрај тоа што игра добро фудбал, Леман е популарна и поради атрактивниот изглед и има речиси 17 милиони следбеници на Инстаграм, а нејзиното доаѓање во женската екипа на Јувентус во пакет со Луиза не само што би било фудбалски туку и маркетиншки потег.

Луиз наводно инсистирал и Леман да биде вклучена во неговиот трансфер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО