Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев своето враќање во Адана по шестмесечната позајмица во Осијек го започна неславно.
Денес Манев во рамки на 1/16 финалето од Купот на Турција одигра цел меч против нисколигашот 24 Ерзинцанспор.
Откако мечот заврши нерешено по регуларниот дел и тоа благодарение на двата гола на Адана во 89 и 92. минута се замина во продолженија.
Но и таму немаше промени, па се пристапи на изведување пенали каде Манев во седмата серија промаши пенал, односно погоди во стативата.