Срцето не издржа, почина Дејан Милојевиќ, помошникот тренер на Голден Стејт вориорс

Србинот Дејан Милојевиќ (46), еден од помошниците тренери во НБА тимот Голден Стејт вориорс, починал во болница како последница од срцевиот удар, иако првите информации беа дека тој е стабилна состојба во болницата.

Причината за срцевиот удар се’ уште не е позната. Се знае само тоа дека имал срцев удар за време на вечерата на играчите и тренерите пред мечот со Јута џез.

Милојевиќ беше еден од најталентираните млади српски тренери. Со Мега го освои Купот на Србија, а беше тренер и на Будуќност. Потоа отиде во НБА. во 2021 година и работеше во Голден Стејт со кој ја освои НБА титулата во сезоната 2021/2022.

Покрај тренерските успеси, Милојевиќ имаше добри резултати како играч и трипати беше МВП на АБА лигата со Партизан. Со репрезентацијата на Србија и на Црна Гора освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во Турција 2001 година.

По веста за смртта од Милојевиќ со пригодни зборови од него се простија сегашниот клуб Голден Стејт, од поранешните Партизан, Црвена ѕвезда, Мега, како и многубројни поранешни соиграчи, тренери и селектори.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО