Сензација кај мажите на АО: Сиромашен Индиец со 900 долари на сметка, се пласира во 2. коло

Најдобриот индиски тенисер Сумит Нагал, 137-мо рангиран на АТП, се пласираше во 2. коло од Австралија Опен, против фаворизираниот Александер Бублик 6:4, 6:2, 7:6).

Oсвен што приреди сензација и се пласира во следната рунда, овој тенисер е интересен за медиумите од еден друг аспект.

Нагал пред само неколку месеци се пожали дека е на работ на егзистенција, бидејки на сметката имал само 900 долари.

– На сметка имам во моментов само 900 долари, се што ќе заработам, веднаш инвестирам во својот развој и постојано се вртам околу таа цифра на банкарската сметка, порача 26 годишниот Нагал, кој низ кариерата од наградните фондови низ турнирите има заработено само 700 000 долари.

Но по победата над Бублик, тој значително го поправил своето банкарско салдо и сега е побогат за 180 000 долари.

– Се ова е емотивно, нема да тагувам и да ронам солзи, но се уште не сум свесен што направив. Некогаш ќе биде лоша, некогаш добра година, порача Нагал по големата победа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО