Јаќовски се искачи на Лоце, четвртиот највисок врв на светот

Македонскиот планинар, Златко Јаќовски се искачи на четвртиот највисок врв на светот, Лоце (8.516 мнв). За него тоа е второ успешно искачување на врв над 8.000 метри, по Монт Еверест (8.848 мнв) лани во мај.

Јаќовски, професор по судска медицина и член на скопскиот планинарски клуб Х2О, сe има искачено на Елбрус во Европа, потоа на Аконкагва во Јужна Америка, на Килиманџаро во Африка и на Денали во Северна Америка.

Од повисоките и поатрактивни планини тој ги има искачено Монт Блан, Ленин, Гросглокнер и други алпски врвови над 3.500 метри.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО