Јагуриновски: Огромната желба за победа беше клучна

Томи Јагуриновски кој беше меѓу најдобрите на мечот со Швајцарија посочи дека Македонија конечно покажала карактер и издржала до крај против силниот противник.

-Ова беше тежок натпревар во кој имавме добри и лоши моменти. Но покажавме силен карактер, покажавме дека можеме да издржиме 60 минути против квалитетен противник и да победиме, вели Јагуриновски.

Според Јагуриновски, огромната желба за победа беше клучна на мечот против Швајцарија.

-Мора да се разбере дека игравме со една од најдобрите репрезентации во Европа. Мислам ја заслуживме победата. Сега останува да работиме уште понапорно за да бидеме уште подобри во иднина. Се надевам дека овој меч ќе биде пресвртница за подобри резултати, истакна Јагуриновски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО