Испиша историја, па порача: Горд сум на оствареното, горд сум што сум дел од историјата

Баер Леверкузен по прв пат во својата историја ја освои титулата во Бундеслигата и овој ден ќе биде запаметен како најсветол во нивната клупска историја.

Човекот кој ја одбележа сезоната беше дефинитивно тренерот Чаби Алонсо, кој направи нестварна екипа, која е непоразена сезонава во рамки на Бундеслигата.

– Ова е посебен момент за клубот, затоа што ова е прва титула на Баер во 120 години долгата историја. Ние сме голем тим, играчите кои ги имаме се големи и навистина сумн горд на нив, горд на нивното остварување. Чест ми е што сум дел од овој Баер Леверкузен, порача Чаби Алонсон.

Шпанецот неодамна донесе одлука дека треба да остане и следната сезона во Баер Леверкузен, иако имаше понуди од Ливерпул и Баерн Минхен.

Многумина веруваат дека таквиот потег на Алонсо е вовед во тоа што тој евентуално идното лето, би можел да прифати понуда доколку пристигне од Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО