И Гомез си заминува од Ливерпул?

Реконструкцијата на одбраната на Ливерпул летово можеби ќе донесе повеќе заминувања отколку што првично беше планирано.

Според пишувањата на медиумите блиски до клубот, Жоел Матип по осум сезони и по истекот на договорот, сигурно ги напушта „црвените“. Но покрај него, по се’ изгледа, „Енфилд“ ќе го напушти и 26-годишниот, Џо Гомез кој на клупските челници им најавил дека сака да ги разгледа понудите што ќе стигнат за него.

Гомез сезонава беше стартер на 16 меча во Премиер лигата, најмногу за него од сезоната 2019/20. Дефанзивецот мораше да покрива повеќе позиции во тимот на Јирген Клоп, како централен бек, десен бек, лев бек, па дури и дефанзивен играч за врска. Трансфер цената за Гомез е околу 20-на милиони фунти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО