Австрија не го пушта Рангник!

Ралф Рангник наскоро официјално би требало да биде промовиран за нов тренер на германскиот шампион, Баерн Минхен, но најверојатно нема да ја напушти и селекторската позиција на Австрија.

Иако се’ уште ништо не е решено, дел од медиумите тврдат дека Рангник би сакал да биде и натаму да биде селектор на Австрија и за ова прашање е во интензивни преговори со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Австрија. Рангник е селектор на Австрија од април 2022 година.

– Наскоро ќе донесеме одлука. Ние сакаме тој да остане во Австрија и да продолжи по патот кој го договоривме. Тој има креативни можности, а ние размислуваме да склучиме долгорочен договор со него. Очекувам многу, многу брзо да има разјаснување на оваа ситуација, вели Клаус Митердорфер, претседател на австриската федерација.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО