Ханси Флик не го дава Фати, ќе се обиде да го врати во првиот тим

Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати ќе продолжи да игра за тимот од Каталонија, откако новиот тренер Ханси Флик не дозволил младиот напаѓач да биде продаден.

Според „Мундо Депортиво“, Каталонците одлучиле да му дадат шанса на Фати во подготвителниот период да се докаже и наметне во новиот тим на Ханси Флик. Спортскиот директор на тимот, Деко, исто така, верува дека Фати може да се избори за место во тимот.

Минатата сезона Фати ја помина на позајмица во Брајтон со договорот кој не вклучува клаузула за откуп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО