„МТБ Илинден“ повторно организира специјален велосипедски настан

Претседателот на Здружението, „МТБ Илинден“, Ненад Стојановски, денеска во гостувањето на Спортско радио 90,3 фм, го најави специјалниот велосипедски настан во Општината Илинден кој ќе има и хуманитарен карактер.

– Минатата сезона за прв пат организиравме настан што имаше за цел преку велосипедизмот да ги покажеме убавините на нашата Општина и да им овозможиме на љубителите на здравиот живот да се дружат. Бевме изненадени од бројката на пријавени, се надевам дека годинава таа ќе биде уште поголема.

Нашата главна цел е да го доближиме велосипедизмот до најмладите, да покажеме дека тоа не е само спорт, туку и начин на здрав живот. Трасата ќе треба да се мине за четири до пет часа, а намерата е дружење, забава и рекреација. Сите што сакаат да учествуваат, може да се пријават на нашиот профил на социјалните мрежи, „МТБ Илинден“, истакна Стојановски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО