Гвардиола му се извини на Филипс за „прекумерната тежина“

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола јавно му се извини на Калвин Филипс заради изјавата дека играчот од средниот ред на Сити и на Англија имал „прекумерна тежина“ по враќањето од Светското првенство (СП) во Катар.

Гвардиола тоа го прокоментира во декември 2022 година, објаснувајќи зошто Филипс бил изоставен од тимот на мечот од четвртото коло во Лига купот против Ливерпул.

Филипс за тие коментари рече дека биле „голем удар за мојата самодоверба“ кога неодамна беше прашан за тоа.

Гвардиола рече дека разговарал со 28-годишниот играч кој минатиот месец му се приклучи на Вест хем на заем, за тој проблем.

– Жал ми е многу, му се извинувам. Никогаш претходно не сум кажал нешто за медиумите без да разговарам за тоа со играчот, изјави Гвардиола.

Филипс имаше тежок почеток во Вест хем. Тој му „подари гол“ на Борнмут во ремито 1:1 на стадионот во Лондон на 1 февруари.

Потоа беше виновник за примањето на уште еден гол во поразот од Манчестер јунајтед, 0:3 три дена подоцна. Во саботата на мечот со Нотингем форест, 0:2 беше исклучен поради двата жолти картона добиени во рок од само три минути.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО