Гвардиола им даде два дена одмор на своите фудбалери

Пеп Гвардиола, менаџерот на англискиот и европски шампион Манчестер сити, на своите фудбалери им дал два дена одмор во обид да ги одмори од многуте мечеви и напорниот  распоред на крајот од сезоната, објави Ројтерс.

Манчестер сити, кој брка четврта последователна титула во Премиер лигата, се наоѓа на третото место во табелата со 73 бодa, еден бод помалку од Арсенал и од Ливерпул, но и натпревар помалку од двата тима.

Сити имаше два многу тешки натпревара минатата недела, најпрвин во Лигата на шампиони (ЛШ) каде што испадна од Реал Мадрид, по продолженијата и пеналите. Потоа го победи Челси во полуфиналето на ФА купот со 1:0.

– Ги ослободив два дена. Не сакам да се видат, туку да останат во своите домови со семејствата. Нека се одморат, ништо лошо нема да се случи, потоа два дена ќе се подготвуваме за мечот со Брајтон, в четврток, и за Нотингем форест следниот викенд, рече Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО